АМЕРИКАНСКИ РЕЦЕПТИ ВО БУТИК ЗА БЕЛИ ПЕЧИВА 7/24

Нов,  ултра модерен објект на Жито Прилеп

– Духот на големите градови во локалната средина

– Збогатена 60 годишната традиција

Tradicijata vo sovremeno ruvoУште едно блескаво камече сјае на ѓерданот објекти на Жито Прилеп. Шестдецениската традиција на компанијата е збогатена со нов бутик за бели печива, создаден за пребирливите вкусови, кои ги пробале западните рецепти и американските ароми, и останале без здив. Повеќе никој не треба да мечтае за американските формули за подготовка на печива, зашто компанијата, чиј сопственик е нашиот сонародник со американска адреса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ги постави во витрините во објектот во центарот на градот свежи и од фурна штотуку извадени. Мискојната миризба ги опива и ситите. Не одолеваат ниту штотуку станатите од трпеза. Лижат прсти и диеталците…

Квалитетно кафе, автентична американска крофна со бели или црни чоколадни трошки и мајсторски подготвена пица, полека, но сигурно, стануваат секојдневие на прилепчани. Свежо подготвени и гарантирано вкусни ќе ги најдете во новоотворениот бутик за бели печива на Жито Прилеп во центарот на градот. Ултра модерен и современо уреден во американски стил, новиот продажен објект нуди сосема нов и иновативен концепт на уредување на продажниот простор во насока на промена на искуството и перцепцијата на прилепчани за тоа што значи да се јаде квалитетна храна во одличен амбиент.

US ambient na prilepsko tlo– Ова е прв и единствен објект од ваков тип не само во Прилеп, туку и пошироко во регионот. Начинот на презентација на производите е по примерот на светските водечки компании и се заснова на изложување на производите и нивно врзување за еден атрактивен концепт – вели Николас Ататнасоски, сопственик на компанијата.

Тој вели дека виденото во Америка сега го пренесува тука.

– Не станува збор само за оригиналниот рецепт за американски крофни, за пицата или за кафето, туку и уредувањето и амбиентот што се чувствува. Сега не треба да отидете во Америка да се чувствувате Американец. Доволно е да нé посетите и да го забележите ведриот дух и гостопримството во оригинален амерички стил – порачува младиот Атанасоски. 

Крофните со бели и црни чоколадни трошки и полнетите со ванила фил стануваат ултра популарни низ целиот град. Се јадат и дење и ноќе и одлични се со американско кафе. Пицата, пак, е така погодена  што е неизбежен оброк после секое вечерно излегување или куса прошетка низ градот.

Znakot na Zito Prilep simbol za kvalitet– Идејата, ставена на хартија, само за два месеца се претвори во вистинско ремек дело. Со отворањето на новиот продажен објект животот во градот ќе биде многу поквалитетен и поубав, а неговите содржини ќе му дадат една нова димензија на купувањето бели печива и леб за сите потрошувачи. Сакаме прилепчани да се гордеат со брендот Жито Прилеп кој повеќе од 60 години е присутен на пазарот – вели Атанасоски.

Посочува дека Прилеп расте во духот на големите градови, а новиот продажен објект со својата функционалност, естетско и севкупно значење е од голема важност за него.

Новиот продажен објект на Жито Прилеп ќе функционира 24 часа. 

Loading