Единствена еднострана фиксна протеза

Стоматолошка ординација “Македонија”

1. Biseri vo ustata- d-r   Samoil DzambazoskiВеќе две децении стоматологот Самоил Џамбазоски нуди дентални услуги во ординацијата “Македонија”, што е една од првите десет во земјава. Тргнал по стапките на татко му, иако бил убедуван да биде општ лекар. Стартувал во “домашната” ординација, совладувајќи ја праксата преку родителот, од кого добивал искуства.

– Татко ми првин се спротивставуваше, а сега се радува, ме храбри и ме советува. Не сум пишман, иако, многупати сум мислел дека е тешко, стресно и ризично по здравјето. Но, никогаш не би се откажал. Пак би ја одбрал оваа професија, оти ми лежи. После секоја помош, се чувствувам исполнето како по положен испит – вели стоматологот Џамбазоски.

Здравјето во устата е прво. За добар доктор нужна е смиреноста. Девиза му е да не нанесува штета, ако не може да помогне.

– Секое вадење заб, колку што е стрес за пациентот, толку е и за докторот. Затоа е потребна смиреност, без брзање при интервенцијата. Не смее да се наштети, и да не се помогне. Ако не се помогне не е голема пропуст, а ако се нанесе штета е голема грешка – додава стоматологот.

Услугите се како во сите ординации. Џамбазоски се разликува по изработката на единствена унилатерална фиксна скелетирана протеза. Иновацијата е научен труд од деведесеттите, а докторот е вклучен од почеток, изработувајќи ја до денес. Станува збор за фиксна изработка, готова со втората посета, наменета за пациенти кои немаат крајни заби, а со која се олеснува џваќањето на храната.

2 – Штом не може да се соџвака храната, се бара чаре. Протезите се последен спас пред имплантите, кои мора да се стават ако нема никакви заби. Во прво време се препорачуваа само мобилни, непопуларни протези, посебно кај помладите, оти се вадат и ставаат. Некои можат да функционираат, а некои ги користат поради финансиите. Фиксните се подобра замена во функција и во естетика. Иновацијата држи вода, оти е многу поевтина од имплантите и е едноставна за изведба. Првин се прави план и се зема мера, а на втората посета протезата е “спремна” за користење. Не го спречува поставувањето на имплант, туку го одложува, оти пациентот може да ја користи 10-15 години. За 300 евра во протезата се поставуваат најмногу шест членови. А за едностран мост, првин се прави имплант кој е 300-350 евра, па потоа мост. Значи уште 250 евра или вкупно 600 евра. Ем е двојно поскапо, ем има повеќе посети и контроли за мера да се земе – објаснува доктор Џамбазоски.

За успешноста на протезата, важна е проценката дали може да се изведе. А за квалитетот сведочи 25 годишното искуство. Секоја протеза има гаранција од 5 години. Практиката покажува дека функционираат и до 15 години.

– Препорачливи се за помлади, но се земаат мери и за постари. Годините не се битни, туку проценката на заби во предната регија. Се разбира, нужен е план за распоред. Најкритични се пациенти со по шест заби горе и долу, кои последни ги губат. Тогаш се прават четири протези и не се вадат. Има пациенти кои по 15 години користење,  ставаат нови повторно. Пожелна е замена по десетина години, оти се троши материјалот. Се абат природните заби, а не пак направените – вели докторот.

3Го радува растот на навиката за одржување на забите. Како матичен стоматолог има редовни пациенти, од деца до најстари. Нужна е меѓусебна соработка. Достапен е во било кое време. Излегува во пресрет со совети. Интервенира и среде ноќ, во недела и во празник. Затоа има пациенти и од Скопје, Битола, Кавадарци.

– Луѓето се грижат за забите. Болката беше пресудна за преглед пред 15-20 години. Таа го победуваше стравот. Побарувачката расте кога се земаат парите од тутунот. Тоа е финансиска инјекција и за здравјето во устата – додава стоматологот.

Следи нови технологии. Два-трипати годишно посетува семинари, грижејќи се пациентот да е задоволен со сработеното. Го “дотерал” и објектот, нудејќи комплетен третман во удобен амбиент. Не запира со вложувања во современа опрема за подобро дентално здравје.  

Loading