ПЕТТО КРУЖНО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ

Почна градбата на кружниот тек на крстосницата Солидност

Izgledot na noviot kruzen tek viden os stranata na Domot SolidnostСообраќајно решение со кружен тек ќе добие фрекфентната крстосница на улиците “Александар Македонски” и “Октомвриска” или познато како крстосницата Солидност. Локалната самоуправа ја почна градбата, која се очекува да заврши до крајот на годинава. Интервенцијата ќе влијае на полесното одвивање на сообраќајот и отстранување на тесното грло кое создава чест сообраќаен метеж со светлосната сигнализација.

Станува збор за асфалтна површина од 4000 м2, која ќе биде уредена со булеварска улица со четири ленти, зелен појас, велосипедска патека и пешачки зони.

– Кружниот тек ќе се вика Ножот. На средината ќе се постави спомен обележје за храбро загинати стотина комити од илинденскиот период во месноста Ножот кај селото Ракле, а неколкумина се самоубиле со последната бомба. Кружниот тек го комплетира авенискиот влез од потегот кај бензиската пумпа на Лук Оил на патот за Плетвар, па сé до булеварот “Гоце Делчев”. Веќе е поставена новата канализациска мрежа и подземната инфраструктура. До крајот на годинава сообраќајот ќе се растовари, ќе се одвива полесно, побрзо и побезбедно. Едновремено ќе се разубави овој дел од градот – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Инаку, ова е петти кружен тек, следен со осум милиони денари од локалниот буџет. Првиот е граден во социјализмот кај водостопанството Стерна, вториот последниве години кај тринаесеткатницата, Карпалак, третиот кај Липа, Прилепски бранители и четвртиот кај поштата.  

Градските власти најавуваат за в година и почеток на мега зафатот за кружно решавање на сообраќајот на мостот Табаана каде се вкрстуваат шест улици.  

Loading