НАШИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ТРЕТИ

На Олимпијадата во Тетово

Penzioneri so medaliПрилепските пенизонери го освоија третото место во севкупен пласман меѓу 400 пензионери од 47 здруженија на 19. спортска пензионерска олимпијада во Тетово. Од 11 дисциплини, златен медал освои Вера Димитриеска во стрелаштво и во седмата деценија од животот. Таа имаше најостро око меѓу пензионерките. И прилепската женска екипа стрелци, во состав на Трендафилка Грнчароска, Данче Кочоска и Менка Ангелеска, погоди најмногу кругови со воздушна пушка.

Сребро освои Симон Цветкоски во двобој, трчање и фрлање ѓуле. Второто место го зазеде Славица Јованоска во табла.

Инаку беа освоени повеќе четврти и петти места, што влиајеше на вкупниот пласман. Пред прилепските пензионери беа охриѓани и кумановчани.    

Loading