Милан Борачот – Марулецот

Milan Boracot Marulecot

Во 1911-тото лето

се породи Стојаница со второто дете.

Нункото, името му го даде Милан

со Божја помош да биде силен.

 

Мајка му Бала си замина млада

го остави сирак, при дедо и баба.

Во спиење ноќе, често си блада

мајчината љубов тој си ја бара.

 

Дедо му Васил ноќе во кожувот го чува

црната чума во плачот, да не го чуја.

Порасна Милан многу силно момче

здраво и силно како дренче.

 

На Божик денот, во нашето село

полјакот Ѓело, на Црна рака чедо

на средсело во играта со месо

се поносе вулгарно, многу лошо.

 

На Милан му опцу мајката во гробот

го фати Милан му го помодри грбот,

отиде Ѓело пушката да ја зема

Милана за да го стрела.

 

Си остана Ѓело дома, кромид да печи

здобиените модрини за да ги лечи.

Повремеси Милан се сретна со Ѓела

си ги простија направените дела.

 

На Велигден денот, во Маково село,

на гости Милан со другарите појде,

на средсело со петмина се збори

сите нив, до еден ги собори.

 

Се слушна за Милан во околните села

се здоби тој со голема слава

насекаде каде што се бори тој

симпатизери ги има во голем број.

 

Во Канатларци за Бајрам поканет Милан оди

со измирските пеливани да се бори,

двата со удар на колкот ги соборе

третиот го удри на колк лицето му го содере.

 

Од Стамбол Милан многу поздрави доби

од потомствата на марулските аги

го обожаваат тие многу него

во Марул е роден нивниот дедо, Осман бегот.

 

На воената вежба во Булачани село

за селската слава, во боречката арена

со четворица борачи Милан се зборе

сите нив на плеќи, тој ги соборе.

 

На градски Велигден во Прилеп

со неколку бугарски мечки се зборе

нивните мечкари во паника ги ставе

мечките нивни под колена ги кладе.

 

За време на Втората световна војна

курир í беше на Цекоска Добра

по селата каде таа говор држеше

нејзината сигурност, Милан ја обезбедуваше.          

 

При неговото земјоделско пензионирање

од властите побара, за политичкото ангажирање

од таа страна тој не доби ништо,

а брачеди му Ордан и Димко, другаруваа со Ченто.

 

Во 1987-то зимо

си го наметна Милан кожувчето сиво,

си подлегна в кревет да преспија

не дочека ниту чајот да го испија.

 

Работлив и мирен човек беше Милан

кај сите беше многу омилен

си остави Милан легенда трајна

ко небеска ѕвезда вечно сјајна.

 

Автор

Томе Велјаноски

Гетеборг  Шведска

Loading