СИТЕ ДЕЦА СЕ ИСТИ

Umetnosta ne poznava razliki -  OU Kiril i MetodijВриеше од деца од повеќе училишта во саботата на плоштадот Александрија, поради ликовниот хепенинг на тема – “Различни, а сепак исти” организиран од ОУ “Кирил и Методиј”од селото Канатларци. Тие, преку поширокиот проект, “Градиме мостови”, организираа работилница да ја  зголемат интеграцијата и интеракцијата меѓу учениците, меѓу наставниците и родителите кои припаѓаат на различни етнички заедници.

Учестуваа 35 ученици од три основни училишта со различни етнички групи. ОУ “Кирил и Методиј” од Канатларци (Македонци и Турци), ОУ “Добре Јованоски” (ученици Роми), ОУ “Пере Тошев”, Дупјачани и Десово (ученици Македонци и Бошњаци).

Координатор на настанот беше Мони Кузмановска – психолог во ОУ “Кирил и Методиј”, а во организијата беше вклучен и наставникот по ликовно образование Дарко Талески.

Loading