ПЛАСТЕНИК СО ЛИМЕНКИ, МИНИ – ЦРКВА И БРОД ОД СУВ ДОК

Brodograditeli i instruktori - OU Dobre JovanoskiНа општинската олимпијада за млади техничари и природници, трио осмоодделенци од ОУ “Добре Јованоски” освоиле прво и второ место. Во дисциплината агротехника, Дарко Трајкоски бил втор со макетата од пластеник, верна на оригинален, користејќи лименки како хидросистем и минијатурен комплекс за наводнување капка по капка.           

Прва општинска награда добил Филип Јосифоски за градежништво и архитектура со изработка на модел од црквата Света Петка во размер  1:20. Со камчиња, трева, медијапан и друго ја “изѕидал” верзијата, мошне блиска до оригиналот во Точила.  

Михаил Конески се искачил највисоко. Бил прв на општинско и на државно ниво. На државното во Пехчево за еден ипол час конструирал брод со едра, а за 30 минути одговарал на теоретски прашања. За “круната” двапати го тестирал пловилото. Најбитно било да не застранува од патеката и да стигне колку што може праволиниски до финишот.

Менторот Даре Кузманоски, професор по техничко образование, за в година ќе треба да бара подмладок кај техничарите, зашто наградените полуматуранти ќе одат во средно.     

Loading