НАЈДОБРИ СПАСИТЕЛИ

Intervencija ednakva na doktorska - OU Kire Gavriloski JaneЕкипата од седум осмоодделенци при ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, го освоиле првото место на општинскиот натпревар за брза помош. Составот од Трајче Маџоски, Косара Блажеска, Елеонора Михаиловска, Марија Шијакоска, Натали Тошевска, Марија Смугреска и Михаил Китаноски “интервенирале” на две “незгоди”. Реанимирале, имобилизирале скршеници, стабилизирале повреда на стомак, третирале изгореници под будното око на судиите – доктори по медицина.

Според менторот, Лепа Китаноска, професор по биологија, за натпреварот се подготвувале цело второ полугодие, а поинтензивно, претходниве три седмици. Ги пофали учениците за сериозниот пристап. 

Loading