ДЕН И НОЌ ВО БИЗНИСОТ

Се заокружува манифестацијата “Избор на бизнис на годината за 2013”

Bisnis i politickiot krem na gosti kaj Zenit za pet godisninataИдниот петок, со доделување на наградите, финишира манифестацијата “Избор на бизнис на годината за 2013”. Во соработка со регионалната стопанска комора, на три фирми ќе им се доделат признанијата во знак на успешно заокружената бизнис година.

Годинава, “Зенит” ги апострофира малите и средните компании кои успеале да им контрираат на неповолните економски ветришта. Во трката “за најдобри, најуспешни, нај-компании” не се кандидираат јавните претпријатија и државните компании. Фокусот не беше ставен ниту на големите. Се афирмираа и бодреа семејните бизниси, малите и средни компании, на кои им е потребна најголема поддршка, не само од државата и од банките, туку од медиумите како што е “Зенит”.

Во секој број на весникот претставувавме по една фирма, по една идеја, за тоа како се осмелиле и се втурнат во пазарните бури, да тераат приватен бизнис за кој нема делник и празник, работно време, ноќ и ден.

Импресивни беа мотивите. Некогаш имаат корен, некои тргнале во бизнис авантура, а некои ги развивале бизнисот на своите предци со нови идеи и иновации. Кај сите доминира готовноста да се откажат од многу привилегии на државната работа и да се нурнат во неизвесноста на безмилосната пазарна економија. Сопствениците веќе ги челичат и своите наследници, ги печат во бизнис горилникот своите деца, ги насочуваат на квалификации и образование своите потомци, зашто иднината на секоја земја е приватниот сектор, каде е темелот од каде се вади лебот. Сите заслужуваат почит за откажувањата, истрајноста и јунаштвото, оти се соочиле со ризиците на бизнис водите.

Во рубриката “Бизнис” или на втора страница, од една до друга годишна манифестација, се најдоа педесетина фирми од различни домени. Бесплатно ги претставивме: Виал Мебел, Руле Промет, Фурната  Алексимо, ресторанот Лидер, Стакло Блесок – Албедо, Милина, вагар Гапе, Уникат градба, стоматолошката ординација Бисер, Јатка компани, Иназ, Лав медија груп, Стил БТ, Пет шоп, Биореклам Нова, гостилницата Евро кај Влатче, Гем прометм, Нов бор, Витанова Ки – Са, Ширмила комерц, Манки – Манки, Пано трејд, Квант енерго, Огнопревент инженеринг, Коте Пром, Мардини картал, Екскалибур Ди Босо, Аквавод инженеринг,  Голд стоун компани, Хидровод, ресторанот Империјал, фурната Скипи, Филигран, конфекцијата Баки Комерц, градежната фирма Караорман, Хидро Д.Е.Л., Винарска визба Пирган, месарницата Креас, печатницата  Тирекс, Гламур мебел, Руна – Мак, Чико Лукс, Калипсо – Арена Плус, билијард клубот Инсомниа, ветеринарна клиника Прилеп, ФЕРО РВВМ и Истанбул донер баклава Илај Ас.

Традицијата продолжува. “Зенит” останува да ги афирмира ангажманите на бизнисмените и да биде флуид меѓу производителите и консументите, меѓу понудувачите и побарувачите. 

Loading