АНГЕЛИ ОД ДЕПОНИЈА

Moden trend od otpadНедостасува само да се брендираат модните креации кои секоја година ги создаваат среднистите од СОУ “Ѓорче Петров” за ревијата на облека, направена од отпадни материјали. Учесниците на Trash fashion, стануваат сî покреативни во дизајнирањето на костимите. Годинава, 20 ученички од многуте струки зачекорија на импровизираната писта во соработка со ОХО и Министерството за образование.

На ревијата со натпреварувачки карактер, на прв поглед моделите од одпад, “лажеа око”. Фустаните од стари списанија и магазини, минималистичката мода од селотејп и венчаницата од ПВЦ кеси, изгледаа како вистински, сметнати од пистите на Милано или Париз. Вештите раце и досетливоста на учениците од текстилната струка, заедно со колегите од профилот лични услуги, дале сî од себе за моделите да се еднакви на ангели во депонија. А, тоа е и поентата на манифестацијата, да се подигне свеста за зачувување на природата.

Традиционално, иницијатор и ментор беше професорката по ликовно Марта Макеска. Таа ги мобилизирала тинејџерските  умови и во Гимназијата, па и таму се одржа ваква манифестација.

Raskos od gubreПобедник од СОУ “Ѓорче Петров” беше креацијата на ученичките од втора година, Даница Манева, Даница Ѓорчева и Магдалена Андреева, а ја презентираше Љубица Данова. Таа, со нејзината екипа ќе им се придружат на победниците од ревијата од Гимназијата со тимот предводен од Ѓорѓи Десподов, и заедно ќе го претставуваат градов на Trash fashion во Скопје на 5 јуни.

Loading