АМБАСАДОРСКА НАГРАДА ЗА НАША УЧЕНИЧКА

Nagrada za Kuzmanoska od racete na Pol VolersВероника Кузманоска е 8 одделение во ОУ “Гоце Делчев”, а од прво има мерак за англиски јазик. Од мерак се прават големи потфати, па Вероника успеала со знаењето да стигне до награда, врачена лично од амбасадорот на САД во Македонија. Во организација на Мировниот Корпус, Министерството за образование и друштвото на професори по англиски јазик ЕЛТАМ, имало конкурс за есеј на тема “Зошто е важно да се зборува втор јазик”. Под менторство на професорката Благица Чатлеска, Вероника лесно го поминала регионалниот натпревар и само таа  била во најтесниот круг на државно ниво. Нејзиниот есеј, ограничен на 400 зборови, ја потенцирал потребата од познавање на англискиот јазик, како глобален и најраспространет во светот. Го акцентирала на познавањето на вокабуларот, но истакнала дека треба да се внимава и на граматиката. Пишала дека индивидуата во денешно време не може да функционира во пазарната економија без познавање барем на еден странски јазик. Жирито пресекло. Меѓу деветте кандидати за награди,  Вероника ја ставило на второто место. На церемонија, по сите дипломатски протоколи, амбасадорот Пол Волерс í ја врачил наградата на полуматурантката Вероника.

Кузманоска учествувала и на натпревар за спелување по англиски, тест за сертификатот ХИПО и натпревар во Петтата приватна гимназија. И сегде имала завиден успех. За распустот сака да ја посети сестра í во САД, а после да се врати и да се запише во средно, за забен техничар.  

Loading