СПАСЕНИ 90 СТЕБЛА

Kupovi hartija za recikliranjeСо благодарност од учениците од графичката насока при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” до Комуналец, локалната самоуправа и Ротари клубот и сите  вклучени во еколошката акција кои дадоа придонес во зачувувањето на Планетата Земја, се оконча еко-акцијата на среднистите од “…Ричко”. Голема благодарност изразија за Центарот за јавно здравје, од каде се собраа 700 килограми стара и непотребна хартија.

– Акцијата беше успешна иако се изведуваше за празниците, кога повеќе установи не работеа. Собравме три тони хартија, со што директно придонесовме во зачувувањето на животната средина и спречивме уништување на 90 стебла дрва. Заштедени се 12 000 кв електрична енергија, 390 кг. загаден воздух, 6000 л. вода – рекоа од училиштето.

Со ефектите учениците го дале придонесот во одбележување на 22 април – денот на Планетата Земја. Сметаат дека влијаеле на разбудување на еко свеста и на зачувувањето на животната средина.

Loading