“ЕКО – МАЈМУНЧИЊА” ПРОТИВ СТАРИ БАТЕРИИ

Eko manki klub za sobiranje bateriiШестмина “еко – мајмунчиња”, средношколци со развиена свест на животната средина: Игор Гагалески, Верица Попоска, Ѓорѓи Сиракоски, Маја Ристеска, Роберта Ацеска и Симона Наумоска, ќе го водат проектот на “Гоу Грин”. Станува збор за активност која ќе се спроведува од април до ноември, а ќе има и натпреварувачки карактер. Поентата на проектот е што повеќе празни батерии да се рециклирааат во eco monkey клубот. Тие ги знаат заканите по природата од отпадните батерии. Нивна  одговорност ќе е едуцирањето на учениците од основните и средните училишта. Со тоа треба да се добие двоен ефект – да се рашири знаењето за предностите од рециклирањето на батериите, а од друга страна, што е лошо доколку се фрлат на погрешно место.

Батериите содржат токсични метали. Со фрлање заедно со домашниот отпад, се распаѓа, со што отровите влегуваат во почвата и преку подземните води се дистрибутираат низ земјата и преку храната ни се враќаат на трпезата. Затоа, од “Гоу Грин” апелираат, празните батерии да не се оставаат во обична канта, туку во специјалните туби кои може да се најдат во општинската зграда, маркетите, средните и основните училишта во градот. Проектот ги едуцира граѓаните за штетноста на отпадните батерии и воспоставување на систем за собирање, складирање и рециклирање. 

Loading