СОЛИДАРНОСТА НА ДЕЛО

Darezlivi deca vo OU ,,R. Levkata,,На иницијатива на ученичката организација во ОУ “Рампо Левката” неделава се спроведува голема хуманитарна акција во собирање облека, обувки, играчки и сл. Мотото е “Поубав Велигден за сите”, а донацијата ќе биде распределена на социјално загрозени семејства. Акцијата е значајна, оти ја иницираа учениците, кои изработија флаери за презентација и поттикнување на хуманоста кај учениците. Одзивот беше многу голем. Се очекува ранливите семејства да добијат пакети со облека, обувки и играчки. Ним ќе им бидат дадени и велигденски јајца декорирани од децата. Најубаво е кога ваквите акции се од децата за децата.

Loading