ПРВО МЕСТО ПО АНГЛИСКИ

Andrej Stefanoski gi zaseni so znaenje srednoskolciteУченикот од осмо одделение, Андреј Стефаноски од ОУ “Кочо Рацин” добил сертификат за освоено прво место за натпреварот организиран од италијанската организација ХИПО, во прилепската Гимназија. На тестот со читање, пишување и слушање, Андреј бил одличен. Меѓу три илјади учесници во категории од средни и основни училишта, Стефаноски ја добил визата за учество на интернационалниот натпревар по англиски јазик во градот Лидо ди Јесоло, Италија. Таму ќе ги одмери силите во познавањето на јазикот со врсници од целиот свет. Првото место во Македонија, а и интересот за англискиот уште од градинка, даваат голема надеж за понатамошен успех. 

Loading