ЏУДО ЧУДО

Dzudisti so medali i priznaija od OU ,,G. Delcev,,Учениците од ОУ “Гоце Делчев”, кои тренираат во различни џудо клубови, на државно натпреварување ги зграпчиле скоро сите медали. На првенството во џудо во Битола учествувале над 120 ученици – љубители на далекуисточната фајтерска дисциплина од цела Македонија. Во машка и женска категорија, и поделени по килограми, боите на училиштето успешно ги бранеле:  најмалиот, Леонид Пажески, Теодора Димеска, Сара Пажеска со освоено прво место и диплома. Веднаш до нив, со сребро се закитиле: Михаела Милошева, Стефана Џамбазовска, Тале Трајковски и Марио Цинцароски. Да ги соберат сите благородни метали, бронзата ја зел Константин Шеќероски. Забележително учество имал и Никола Лозановски. Менторот Ристо Тошески е среќен што учениците “ожнеале” толку медали.   

Loading