“КОНЕВЦИ” – УШТЕ ЕДНАШ НА ВРВОТ НА СПОРТОТ

Nadezni rakometari od OU ,,B. Koneski,,На општинските училишни натпревари меѓу машките екипи во ракомет за шести одделенија, учествуваше и екипата на ОУ “Блаже Конески”, под менторство на наставникот Тони Николоски. Екипата во состав на учениците: Јошески, Црвенкоски, Павлоски, Глигороски,  Дамески, Димоски, двајцата Пирганоски, Филипоски, Сарафилоски, Маркоски, Јорданоски, Бошков и Андоноски, ученици мали по возраст, но со храбро и спортско срце докажаа како се игра за своето училиште. Низ многуте мечеви децата ја дадоа својата сила и срце на теренот и успеаа да стигнат до финале, освојувајќи го второто место. Наставникот Тони Николоски е горд на нивниот пристап кон спортот и фер-плеј односот  што представува пример за спортот.

Loading