Учениците од петтите одделенија од ОУ “Добре Јованоски” во склоп со наставата по општество, го посетија археолошкото наоѓалиште Стибера кај селото Чепигово. Локалитетот им се допаднал на учениците, а научиле дека на тоа место постоел голем стар град. Воодушевените петтоодделенци, покрај руините од античкиот град, ги виделе природните убавини на селото.