ГАЈДА

Лиду, лиду златна гајдо,

каде да те најдам.

На сред село в село,

кај чешмето варосано бело.

 

Таму ќе ме дуеш

селаните за да те чујат.

Во табори ќе се собираат,

ора и песни да си одбираат.

 

Девојки и момци, фатени на оро,

во тактови музиката ја следат.

Меѓу себе се надигруваат,

во погледи си намигнуваат.

 

Сеирџиите, ората ги следат,

ораџиите пред нив ги гледаат.

Во душите радост си прават,

празникот тука го слават.

 

На сред село, веселбата трае,

се додека сонцето сјае.

Сите си одат дома,

да ја сменат рубата нова.

 

Кога ќе завршат со вечерата,

се припремаат за во постелата.

Снагата да си одморат,

Се уморни од ората.

 

Автор

Томе Велјаноски – Марулецо

Гетеборг, Шведска

Loading