УЧЕНИЧКА ЗА ПРИМЕР

Talent za hemija e Angela Kocoska od OU ,,Goce Delcev,,ОУ “Гоце Делчев” секоја година како да е претплатено на награди на олимпијадата, организирана од колеџот “Јахја Кемал”. Годинава, со труд, талент и доста откажувања, осмоодделенката Ангела Кочоска, го освоила второто место на натпреварувањето по хемија, меѓу 218 натпреварувачи од целата земја.

Заедно со професорката Кети Иваноска се подготвувале за хемиските реакции и тешките задачи од јули лани. Ангела вежбала двапати неделно. Трудот í се “исплатил”. На натпреварувањето во три дела со елиминаторен карактер, била меѓу 11 учесници кои стигнале до финалната фаза – практичниот тест во лабораторија. Со добро подготвен план на активности, каде се следел секој потег, од работната облека до треперењето на рацете, Ангела, со приборот, успешно го реализирала напишаното во планот со реагенсите во лабораторијата.

Со второто место, таа обезбеди ослободување од стипендија за 80 отсто, ако сака да го продолжи образование во приватното училиште “Јахја Кемал”. Не размислува на тоа, туку очите í се вперени во идните натпревари по хемија и физика. На контото на Ангела се повеќе награди од овие егзактни науки, а во дневникот сé е петка до петка. 

Loading