ПРОЛЕТ

ПРОЛЕТ

 

Зимата ладна си појде,

Баба Марта ни дојде.

Шарени мартинки таа носи,

детските раце да ги украси.

 

Штркот во барите шета.

Храна тој си бара.

Од жаби и змии,

ќе си прави скара.

 

Слушнала и баба Меца,

дотрчала таа, со се деца.

Од Баба Марта помош бара,

за со мечињата í сака храна.

 

Заспани сме од лани,

сега сме многу гладни.

Подари ни едно грне мед,

ќе ти имаме голема чест.

 

Орачи в поле, нивје си ораат,

јачмен и овез да сеат.

За в лето да ги жнеат,

в зиме овците да не блеат.

 

Ластовички, гнезда си обновуваат,

нови фамилии да одгледуваат.

Заено со нив, на есен,

за Афрка да отпатуваат.

 

Автор

Томе Велјановски – Марулецо

Гетеборг, Шведска

Loading