ОД АВАНГАРДА ДО РЕАЛНОСТ СО ФОТОГРАФИИ

Филип Крстески е трета година во СОУ “Орде Чопела”, во струката нутриционист. Додека ги совладува темите за диететските производи, животна пасија му е нешто сосема неповрзано со уката, фотографијата.

Спонтано се јавил интересот за фотографирање пред три години. Со време стекнал и вештина и техника за подобар “лов на мигови”. Со сликањето му лежи и дизајнирањето, односно демонстрација на креативноста. Неговите фотографии се толку впечатливи, што често го бараат да фотографира венчаници за каталози. Профилот на Фејсбук му е преполн со барања. 

– Фотограф… Професија што е мошне тешка. За добар фотограф  се потребни, пред сé, талент, визија, идеја, вештина, композиција, светло, естетика, боја, фатен момент… Секојдневно се стремам да направам совршена фотографија на местото каде се наоѓам и на ситуацијата што ја фотографирам. Во новинарската фотографија се “лови” совршениот момент, кој понекогаш трае само неколку секунди, но и тоа е доволно одвреме – навреме да се создаваат мали уметнички дела. Модната фотографија најмногу се употребува во рекламите и модните магазини како што се Вог, Венити Фер или Алур. Со времето, модната фотографија си создаде своја естетика во која облеката и модата се поистакнуваат со употреба на егзотични места или модни додатоци – објаснува како професионалец, младиот Крстески, кој сега слика авангардни, а тежнее кон реални фотографии.

Покрај фотограф, Филип е и моден дизајнер и шминкер. Шминкал девојки за видео спот од битолски бенд. Би сакал да направи изложба на фотографии и со тоа да се промовира себе и талентот. 

Loading