МАСАЖА НА СПОРТИСТИ

Силвана Колеска е професор во СОУ “Ѓорче Петров” на најновата струка, физиотерапевт. Иако предава и други стручни предмети, како доктор, најодговорна е за успесите на нејзините ученици. Самоиницијативно, со голем елан и ентузијазам со најистакнатите ученици, ги подготвувале екипите на основните и средните училишта на регионалните и општинските натпревари. Екипата која била најзаслужна да не дојде до повреди при мечевите била составена од: Наумче Трајкоски, Орде Кантарџиоски, Анета Иваноска, Кети Ѓоргиеска, Симона Дамеска, Андреј Димовски, Маја Здравеска, Антоанела Димова и Христина Стеваноска. Тие, заедно со професорката, ја подготвувале мускулната маса кај спортистите пред натпреварите и ја одморале во периодот меѓу нив. Сите се од втора година и во сала се однесувале како професионални физиотерапевти кои се грижат за тимовите. Во зависност од спортот (кошарка, одбојка или ракомет) ја масирале целната мускулатура со талк. Со спортската масажа и одредениот интензитет на тренинзи придонесле да нема повреди кај играчите.

Loading