“КОНЕВЦИ” СЕ ШАМПИОНИ ВО РАКОМЕТ

На општинските училишни натпревари меѓу женските екипи во ракомет за осмо одделение, екипата на ОУ “Блаже Конески” беше најдобра. Тоа го докажа преку убедливите победи во сите дуели , без ниту едно изгубено полувреме. Во вжештената атмосфера на финалето беа двете најдобри екипи на ОУ “Блаже Конески” и ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. “Коневци” во состав Насевска, Дренкова, Јосифоска, Иломаноска, Јанакиеска, Аризанкоска, Христоска, Димеска, Петреска, Јовеска, Луческа, под менторство на професорот Тони Николоски триумфираа убедливо, а со тоа го овоија и првото место. Радост блесна од лицата на ракометарките. Со наставникот ветија дека догодина ќе го повторат успехот и достојно ќе го претставуваат училиштето низ регионалните и државните натпревари. 

Loading