ВОЗВРАТНА ПОСЕТА ОД ПАРТНЕРСКИ УЧИЛИШТА

СОУ “Ѓорче Петров”

СОУ “Ѓорче Петров”, четири дена беше домаќин на делегациите од 28 претставници од училишта партнери од Романија и Хрватска. Тоа е дел од проектот АЦЕС – програма за прекугранично партнерство на училишта. Посетата е продолжение на размената на искуства, меѓународна соработка и партнерство на трите  училиштата. Проектот е поддржан од 15 Министерства за образование на сите земји учеснички.

 – Секоја година се објавува конкурс на различна тема.  Годинава темата е “Во и околу мене”, а името на нашиот проект е “Јас и ти поврзани со различностите” – посочи Елизабета Милошеска, професор по англиски јазик.

Гостите се запознаа со училиштето, посетија дел од практичната настава, се сретнаа и разменија искуства со наставничкиот персонал. 

Loading