СРПСКА ВИЗИТА НА ОУ “РАМПО ЛЕВКАТА”

Точно 25 ученици и 7 наставници од српското ОУ “Душан Радовиќ” од Нови Сад за карневалот Прочка го посетија ОУ “Рампо Левката”. Во четиридневната дружба го посетиле Варош, Марковите Кули и околните манастири.  Биле и во Крушево во спомен домот на Тоше и  во Охрид на Самоиловата тврдина.

Гостите ги  бендисала македонската кујна и македонската песна. Уживале со дружбата со македонските ученици. За официјализација на односите, во општинската зграда бил потпишан меморандум за соработка, со главна поента да се разменуват искуства, идеи и да се негува пријателството меѓу двете училишта, градови и народи.

Ова е втора посета, а “Левковци” биле лани во Нови Сад. Нашите  пак се поканети  во Нови Сад на традиционалните денови на “Чика Јован Јовановиќ – Змај” во јуни. Создадното пријателство, на разделбата, предивикало солзи и кај гостите и кај домаќините. 

Loading