МЕГА НАГРАДИ ЗА НАНОМАТЕРИЈАЛИ

Успешните гимназијалки ја зграпчија наградата на регионалниот натпревар за  “наноматеријали – материјали на иднината”,  што се одржа со Битола. Фросина Боцеска и Теодора Јагуриноска од 30 тимови од 66 градови успеаа да го добијат првото место. Од гимназијата “Мирче Ацев”  учество зедоа и други 4 тимови, предводени од менторите по физика и хемија, професорките Ана Велјановска и Ружа Атанасоска.

Дуото Фросина – Теодора, со проектот за нанопренесувачи и нано капсули убедливо ги победиле учесниците од Битола, Ресен, Крушево, Охрид и Струга.

Ученичките од четврта година со награда од 150 евра за стимул ќе атакуваат на  тридневниот државен натпревар за наноматеријали во Охрид. Доколку освојат прво место ги очекува награда од 2 000 евра. Со стоотстотна ефикасност на регионалниот натпревар, очекуваме нашите матурантки да  го повторат триумфот и во Охрид.

Loading