СЕРИОЗНИ ТЕМИ СО СЕРИОЗНИ УЧЕНИЦИ

Учениците од ОУ “Кирил и Методиј” од Канатларци заедно со наставниците Дарко Талески и Мони Кузманоска и ОУ “Круме Волнароски” од Тополчани, подолго време работеа на проект поддржан од ADOBE фондацијата во соработка со канадската организација TakingITGlobal.

Темите биле поделени, па за мултимедијалниот проект ОУ “Кирил и Методиј” обработувал “Предвремен брак”, а ОУ “Круме Волнароски” го претставувале античкиот град Стибера.

На завршната изложба í претходело осуммесечна обука на наставниците, креирање на мултимедијални уметнички дела и поединечни, пробни изложби. Учениците од 14 до 16 години со страст навлегле во проектот кој во голема мера е поврзан со компјутерско работење. Повеќемесечниот труд се исплател, па на финалната презентација во Библиотеката, учениците со гордост ги прикажале шесте кратки филмови, двете кратки приказни, изработени со стоп – моушн техника, трите анимации и 15 плакати. 

Loading