ПРВИ ВО РАКОМЕТ

Учениците од осмо одделение при ОУ “Кочо Рацин”, водени од професорот по физичко Менде Петлески го освоиле првото место по ракомет за машки на општинско ниво.

– Игравме со сите ракометни екипи од ОУ. По низата дуели стигнавме до финалето со ОУ “Климент Охридски”. Беше напнато и во регуларното време бевме изедначени. Решаваа пеналите. Радост до солзи имаше кај учениците кога го освоивме златото – кажува Петлески.

Според него за успехот пресуден бил тимскиот дух, желбата за  триумф и секојдневните тренинзи. 

Loading