ОПТИЧКА ИЛУЗИЈА ЗА ПРОЧКА

ОУ “Добре Јованоски”

Од ОУ во Тризла не се плашат да ја откријат идејата за карневалот Прочка. Додека сите ги кријат маските како змијата нозете, наставникот Бобан Петрески ја обелодени групната маска со 30 ученици од ОУ “Добре Јованоски”.

– Костимите се изработени од хеланки и маичка чија половина е црна, а другата бела. Кореографијата е осмислена да се држат рака под рака и да изгледаат како сијамски близнаци. Низ симултано вртење, одење лево – десно и потклекнување, публиката ќе има чувство на оптичка илузија, каде се мешаат црната и белата боја – објаснува Петрески, додавајќи дека веќе ги изработиле маските за традиционалната изложба.

Loading