ХУМАНОСТ ЗА СВЕТИ ВАЛЕНТИН

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Англискиот клуб од економското училиште заедно со членот на Мировниот корпус, Ерин Хулихан, го одбележаа Св. Валентин на ист начин како Американците. Продавале слатки, домашни вафли во форма на срце и картички, на учениците, професорите и заинтересираните, ден пред и за празникот. Атмосферата ја доловиле со украсување на продажниот штанд, холот и училницата на англиската секција. Сите активности на клубот со собраните средства ќе бидат донирани на хуманитарни цели на крајот на годината.

Од клубот потсетуваат дека во декември, за католички Божик продале многу честитки на бизнис заедницата од Прилеп и останатите училишта. Креативноста во изработката била дополнета со асистенција на професорите Мимоза Мијоска, Цеца Видова – Трајческа и Александар Џинго. За 10 дена биле продадени честитки со вредност од 21 илјада денари. Парите ќе бидат наменети за помош при изградбата на конаците на манастирот Трескавец. Учениците се радосни од тоа што макотрпната работа се исплатила, благодарение на совесните сограѓани.

Најавуваат и нови проекти за празниците кои следат.

Loading