ГРИЖА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Гимназијата, пак ќе го одбележи меѓународниот ден на мајчиниот јазик со трибина, насловена “Стандардниот македонски јазик и воспитно образовниот процес”. Модератори ќе бидат професорките по македонски јазик – Емона Јованоска и Елена Стојаноска.

– Стана традиција да го одбележуваме овој ден со трибина или со дебата. Овојпат ќе говорат еминентни познавачи, проф. д-р Гоце Цветановски, директор на Институтот за македонски јазик, Оливера Тодороска, советник во бирото за развој на образованието и професорот по македонски јазик и литература, Габриела Станојоска – Стојаноска – објаснуваат модераторите.

Со ваквите собири се подига свеста кај учениците за стандардниот литературен јазик и се влијае на зголемување на грижата кај младите.

Трибината е денеска од 18.30 часот.

Loading