ПОЕТСКА ВЕЧЕР ЗА ВИНОТО И ЉУБОВТА

На секогаш ентузијастичните ученици од Гимназијата “Мирче Ацев”, не им треба многу да ги искажат младешките чувства, кои баш во овој период кај нив испливуваат на површина.

Точно 13 рецитатори, четворица солисти и тројца инструменталци ќе ја отворат душата, вечерва во “Арт Кафе”. Професорите по македонски јазик Весна Михаиловска и Мартин Наумоски дале жарче, да се запали огнот за тематските творби “За виното и љубовта”. Во едно ќе се слават празниците Свети Трифун и Свети Валентин.

Атмосферата во неколкудневните проби и вежби е полна со младешки елан, љубов кон пишаниот збор… Професорите ги разбираат учениците, па ги пуштаат час пред или по наставата за рецитациите, музичките творби и прозните изведби да создадат весели лица. 

Loading