НИЖАТ УСПЕСИ СО МОТИВ, БЕЗ САЛА

– На учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” им недостасуваат погодни услови за физичко образование. Сепак се мотивирани и со силна волја и елан само во ноември освоија осум први места во повеќе спортови – вели професорот по физичко, Благојче Илиески.

Тој ги наброи само првите места во пинг понг на осмоодделенецот, Александар Рикалоски во државна конкуренција, стрелаштво на државно ниво од Викторија Тренческа, златото на машката екипа по одбојка на општинско рамниште, општински шампиони се машката екипа на футсал. Потоа, први на пиедесталот се искачиле женските одбојкарки, а последен успех засега е првото место во конкуренција на сите ОУ од градов на женската ракометна екипа. Во финалето ги “растуриле” противничките од ОУ “Блаже Конески” со 10:1. Продолжуваат во Струга на државно.    

Loading