142 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА УЧИТЕЛОТ

Во вторникот се одбележа датумот кога пред 142 години во селото Кукуш се роди македонскиот преродбеник, револуционер и еден од најбитните личности за Македонија на преодот од 19. во 20. век, Гоце Делчев.

ОУ “Гоце Делчев” пригодно чествуваше за светлиот датум за македонската кауза. Токму затоа што Делчев, првин бил учител за деца, а подоцна и учител за сите Македонци, осветлувајќи им ја идејата за  самостојна Македонија.

Кусо излагање за ликот и делото на револуционерот имаше директорот, Трајче Каралиоски. Присуствуваше и претседателот на советот, Никола Димески. И тој се осврна на аманетот што ни го оставил Гоце Делчев, за Македононија на Македонците, како суверена држава. Делегациите положија свежо цвеќе кај бистата во училишниот двор, а со по едно цвеќе пред споменикот се поклонија и наставничкиот колегиум и учениците.

Во холот на училиштето се рецитираа лични творби и имаше драматизации, посветени на деецот.    

Loading