ШКОТСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРВАЧИЊАТА

Годинава во ОУ “Климент Охридски”, како првоодделенец, се запишало шкотланѓанчето Катја Алексоска. Ненавикнато на промената на средината, í спомнало на мајка си Фиона за несоодветните клупи и столчиња. Нејзината мајка, веднаш се вдала во акција за собирање на фондови за делумна промена на училиштето. Нетипично за нив, но вистинито, Шкотланѓаните ги отвориле паричниците и за кратко време бил собран фонд од 800 евра. Тие пари биле доволни за набавка на стандардизирани клупи и столчиња за една паралелка од прво одделение и промена на подот. Тие ќе можат да се користат за децата до трето одделение, зашто се универзални за просечната височина на учениците од таа возраст. Со оглед на тоа што има две паралелки за првачиња, а средствата биле доволни само за промена на столаријата и подот на една училница, директорот Дарко Јовески ги искористил и парите кои му следуваат на училиштето од локалната самоуправа за комплетно уредување и на втората училница.

За училниците, естетски подобро да изгледаат, ликовната секција при ОУ “Климент Охридски” ги исцртала ѕидовите со јунаците од цртаните филмови.

Училиштето апликација за реконструкција на санитарните јазли до германската амбасада, вреден 8 000 евра, кој чека одобрување.

Loading