МОЈАТА ТАТКОВИНА

МОЈАТА ТАТКОВИНА

Македонијо, о татковино моја силна,

сите нî штитиш со насмевка милна.

Ти, што си имала живот клет.

Ти, што си единствена на овој свет.

Ти си таа, која била

во клети ропства разни.

Но само твојата силна победа драга,

раскажува многу сказни.

Во тебе се нижи и среќа и тага,

но и радост силно блика.

Чувствата кои ги имам за тебе,

се столетна слика.

Татковино, о земјо моја,

низ векови крвта за тебе се лее.

За нас, за сите,

за сонцето сјајно и врело да грее.

Сî по сокаците тесни,

па до патриотските песни,

те сакаат сите бесценето знај,

а на таа љубов, никогаш нема да и дојде крај.

Ти нема да умреш, ќе живееш вечно,

бидејќи ти раѓаш о мајко моја, синови херои.

Тебе силно што те љубат,

кои ќе загинат за правдини твои.

Црвена и жолта боја

тече во вените наши.

О, Македонијо, татковино моја!

Зар има некој што ќе те исплаши?


Филип Филипоски I – 7

СОУ “Мирче Ацев”

 

Loading