УБАВО И КОРИСНО

Во СОУ “Ѓорче Петров”, стана убава традиција, преку календар да покажуваат со што располагаат и какви кадри образоваат. Од овој, ланскиот и тој од 2012-та, не може да се одбере најубав, зашто сите се прекрасно и професионално изработени.

На секој од 12-те листа на календарот, претставени се по една од струките кои се изучуваат во училиштето. Како фотомодели, учениците се трудат што подобро, преку слика да си го пофалат профилот. Застапени се медицинските сестри, физиотерапевтите, учениците за лична услуга, дрвопреработувачите, а за првпат се презентираат и мултимедијалниот центар, спортската сала и реновираните кабинети за практична настава.

За фотографијата се погрижил Мики Николоски, под секогаш будното око на естетски надарената професорка по ликовно образование, Марта Макеска. Како и минатите години помош во дизајнот имале од Дени Мебел.

Loading