НАШИ ТВОРЦИ ВО МЕЃУНАРОДЕН ЗБОРНИК

ОУ “Блаже Конески”

Меѓу најголемите дипломати на разиграната детска фантазија од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, изникнаа и стиховите на Ивана Симоноска, Фросина Стојаноска и Христијан Чубрикоски – ученици од петто одделение од ОУ “Блаже Конески”. Тие се покажаа како достојни наследници на поетската реч на патронот Блаже Конески чие име го носи нивното училиште.

Учениците, под менторство на наставниците Ана Бошкоска и Гордана Џокоска, твореа стихови на слободна тема и нивните песни “Месечко”, “Дедо Мраз- екологист” и “Годишни времиња”, станаа составен дел од книгата поезија  Зборник – фестивал на детска поезија – организиран во рамките на фестивалот “Детско Царство” од Бања Лука, Република Српска. Примероци од Зборникот од Бања Лука со творбите на нашите ученици се испратени за спомен до прилепското ОУ “Блаже Конески”.

Loading