ЕКОНОМИСТИТЕ ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Пожарот што се случи лани на конаците од манастирот Трескавец ја разбуди хуманоста на секој прилепчанец. Како доказ за тоа се различните настани за собирање средства за возобновување.

Понесени од оваа идеја и во духот на новогодишните празници, учениците од економското училиште “Кузман Јосифоски – Питу” повторно ја покажуват хуманоста застанати рамо до рамо со своите сограѓани. Членовите на англиската секција под менторство на професорката Фросина Николоска и волонтерката од Америка, Ерин Хулихан и со помош на професорите по информатика, македонски јазик и ликовна уметност, креираа новогодишни картички. Средствата од продажбата се донирани за градба на манастирските конаци. Се продадоа околу 500 картички. Излегоа во пресрет сите раководители на јавните и приватните установи низ градот како и сите средни и основни училишта. Со помош на фирмите Витаминка, Комфи ангел, банките, училиштата и други, акцијата беше доста успешна. Овој Божикен проект не е последен, па во иднина ќе продолжат со хуманитарните акции. 

Loading