ОДБОЈКАРСКИ ВРВ НА “КОНЕВЦИ”

На локалните училишни натпревари меѓу женските екипи во одбојка за 8 одделение, првото место го освои екипата од ОУ “Блаже Конески”. Според навивачите екипата била најдобра. Го докажала со убедливо добиени сите натпревари, без загубен сет.

Во вжештената атмосфера на финалето, се сретнаа “Блаже Конески” и “Климент Охридски”. “Коневци” во состав, Сара Јанакиеска, Сања Петреска, Магдалена Ѓоргоска, Михаела Димеска, Јана Луческа, Стефани Секулоска, Михаела Ѓурѓиноска, Симона Димоска, Теодора Дренкова, Сара Мажучанец, Јасмина Димеска и Михаела Котеска под менторство на професорот Тони Николоски го зедоа мечот и го обезбедија пласманот на врвот.    

Loading