МАЛИТЕ КАЈ СТАРИТЕ

Традиционално, основците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” имаа средба со станарите на Домот за стари и изнемоштени лица. Во убаво расположение, со пригодна програма, скромни подароци и многу љубов и внимание им ги честитаа претстојните празници. Задоволството беше уште поголемо зашто штитениците на домот не ги криеа големите насмевки, очите полни со солзи и воздишките со кои тагуваа за нивната одамна помината младост.

Loading