КАРИЕРЕН ЦЕНТАР ЗА ПАТРОНАТОТ

За патрониот празник на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, свечено беше пуштен во употреба кариерниот центар во училиштето. “… Ричко” е последното од петте средни училишта кое добива мултимедијален центар. Причина за тоа е што ова, СОУ доби приоритет за градбата на големата спортска сала.

Пред отворањето се славеше со спортски натпревари и литературно читање за ликот и делото на народниот херој Ристе Ристески. Присуствуваа претставници од локалната самоуправа, од УСАИД и претседателот на советот Никола Димески.

– Условите дозволуваат, па овој кариерен центар е најголем по површина – рече Александар Костадиноски, професор во училиштето.

За патронот се положи свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто и на Могилата на непобедените.  

Loading