ДЕН НА СНЕШКОТО

ОУ “Рампо Левката”

Зимата е период на бројни активности за децата и возрасните, а меѓу нив и правењето на снешко. “Суштеството” создадено од снег е симбол на детската радост, зашто изработката ги весели и децата и возрасните. Едновремено, снешкото може да биде носител на еко пораки. Во училишните работилници,  учениците од прво до седмо одделение при ОУ “Рампо Левката”, заедно со наставниците и родителите, правеа снешковци од  најразновидни материјали и големини – и со тоа испраќаа еко пораки за чиста околина, за спречување на сечењето на елки, за рециклирање, заштеда на енергија и вода, за здрава храна и грижлив однос кон природата. Вредните ученици изработија и новогодишни честитки со снешко, боенки со снешко…

Најубавите снешковци се изложија во училишниот хол, естетски да го разубават предновогодишниот амбиент во училиштето. Дел ќе носат радост на децата од Дневниот центар.

Loading