СВЕЧЕНОСТ ЗА ПАТРОНАТОТ

ОУ “Блаже Конески” достојно го одбележа патрониот празник. По посната закуска во наставничка канцеларија, се положи свежо цвеќе на двете статуи од академикот Блаже Конески во училиштето и во центарот на градот. За празникот, скулпторот во училиштето Влатко Николоски подари статуа на Конески, која се  постави во холот. Традиционално се одржа литературно читање и се посети спомен домот на Конески во селото Небрегово. Со букети цвеќе се закити и споменикот на Конески на литературниот плоштад.

За патронот имаше и академија и пригодна програма во театарот.

На свеченоста се доделија плакети на поддржувачите на училиштето, на градоначалникот, претседателот на Советот…

Годинава се навршуваат 20 години од смртта на академик Блаже Конески.

Loading