ПОСЕТА ВО ХРВАТСКА

Ученици од СОУ “Ѓорче Петров”, заедно со директорот и три професорки од тимот на меѓународниот проект АЦЕС, три дена престојуваа во Ѓаково, Хрватска. Посетата е дел од проектот АЦЕС, на тема: “Јас и ти – поврзани со различностите”.

Идејата е размена на искуства за медиумска писменост, меѓународна соработка и партнерство. Проектот е поддржан од 15 Министерства за образование на сите земји учеснички.

При посетата на СОУ “Антуна Хорвата” од Ѓаково учествувале и претставниците од училиштето од Сату Маре од Романија.

Учениците и професорите, сместени во семејства, ги доживеале гостопримството на домаќините, автентичната храна и традиција. Секој ден од престојот бил исполнет со активности. Гостите ги примил заменик градоначалникот на Ѓаково, а во училиштето биле организирани работилници за учениците, на теми поврзани со средношколскиот живот и различностите и за професорите им се  презентирал филмот за промоција на хуманитарната програма “Мариините оброци”. Професорите ги  виделе и просториите за практична настава на повеќето струки. Се снимила и драмата напишана од ученикот Филип Стојаноски, во која учествувале по двајца ученици од сите три партнерски училишта.

Работилница имало и во градскиот женски манастир “Св. Крст” во соработка со сестринството и личностите со посебни потреби, споделувајќи знаменитости од градот.

Куриозитет за гостите била Божикната прошетка со кочии низ градот, што традиционално се организира секоја година. Гостите и домаќините имале заедничка вечера и модна ревија под менторство на професорката Иванка Смајо.

Прилепчаните се вратиле со впечатоци и спомени, кои нема да избледат, и со пријателства кои нема да прекинат. Фасцинирало и гостопримството, љубезноста и широкоградоста на домаќините. 

Loading