Запче

Запче

 

Никни бликни, запче бело,

во детското усте врело.

Пушти корен расти право,

биди цврсто, биди здраво.

 

Биди бисер, среде в школка,

отвори си пат без болка.

Шири се во твоето место,

за другите да не биди тесно.

 

Купи четче, каладонче,

ќе си здраво како дренче.

Болеста ќе ја спречиш,

место да ја лечиш.

 

Секој што си прави нега,

болеста од него бега.

Имајте во себе сила,

да ја спречите болеста гнила.

 

Стар сум, сега дедо,

уште немам запче бледо.

Ката вечер заби се мијам,

со четка и паста ги тријам.

 

Автор

Томе Велјановски – Марулецо

Гетеборг, Шведска

Loading