ПРИЛЕП СО НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, на натпреварот во стрелаштво за основни и средни училишта, Прилеп добил пет од 12 медали меѓу 46 ученици. 

Најдобро стрелачко око од основно имале Викторија Тренческа од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” и Антонио Николоски од ОУ “Блаже Конески”, кои се закитиле со злато. Бронза зел соученикот на Антонио, Андреј Аврамоски.

Кај младинците, сребрениот медал отишол кај Јулијана Димитриеска од гимназијата “Мирче Ацев”, а Филип Бурнески од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” нишанел за трето место. Ментор бил гимназискиот професор Дејан Стерјоски.

Прво и второнаградените добиваат и седумдневен камп во Охрид.   

Loading