ХУМАНИТАРЦИ ОД “ОРДЕ ЧОПЕЛА”

“Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам -тогаш сум бронза што ѕвони и кимвал што ѕвечи”.

“И ако имам дар за прорекување, и да ги знам сите тајни и сите знаења и ако ја имам сета вера така што да поместувам планини, а љубов немам – ништо не сум”….

Со цитати од Посланието на Апостол Павле, учениците од СОУ “Орде Чопела” го отворија хуманитарниот концерт во театарот “Војдан Чернодрински”. Собраните средства, според желбата на учениците, беа наменети за обновување на конаците на манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец.

Преку многуте музички и балетски точки, учениците доста успешно го покажаа и талентот за пеење и танц, а преку модниот перформанс солидно демонстрираа како креација изразува уметничко дело.

Loading