ПЕСНИ ПЕЕЈА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Со сјајни очи и зацрвенети обравчиња, со сиот глас и ракоплескање, децата од посебните паралелки во ОУ “Климент Охридски” по повод Трети декември Светскиот ден за заштита на лицата со посебни потреби, изведоа програма за родителите, бабите и дедовците, за роднините и за згрижувачките семејства. Со присуството и аплаузот, децата беа почестени од градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Совет Никола Димески, кои секогаш ги поддржуваат најмалите. И штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби и децата се радуваа на гостите. 

Loading